Министерот Ристовски објави што ќе се случи со женските ракометни клубови кои денеска „местеа“ резултат

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во интервјуто во „Тема на денот“ на телевизија „Сител“, меѓу другото говореше и за срамниот ракометен куп натпревар одигран денеска помеѓу Скопје и Гевгелија, кога двата тима се трудеа да загубат.

„Го погледнав видеото и веќе в понеделник на двата клуба кои го направија тоа, ќе им биде одземема дејност за вршење спорт и нема да може да се натпреваруваат во македонскиот женски шампионат. Ќе направиме итен состанок и со ракометната федерација, за ваквото грубо кршење на спортските правила и игра, засекогаш да го ставиме под контрола“, рече Ристовски кој е поранешен прославен ракометен голман и сигурно не му е сеедно што ова се случи токму во неговиот најсакан спорт.

- Оглас -

Најнови вести