Миовски повторно погоди, но неговиот тим не победи (Видео)

Бојан Миовски го даде единствениот гол за МТК во ремито на домашен терен против Дебрецен. Ова беше дуел на два тима кои се во долниот дел од табелата, а МТК веќе четири меча не знае за победа.

Миовски погоди за 1:0 по само 12 минути игра, но домаќините не успеаа да се одбранат и во вториот дел примија гол, па на крајот дуелот заврши 1:1 и двата тима освоија по еден бод. По 11 одиграни кола, МТК има постигнато 10 погодоци, од кои пет се на контото на македонскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести