Миовски се повреди, Абердин обезбеди пласман во Европа (Фото)

Абердин и Бојан Миовски налето ќе играат во Конференциската лига. Ова стана јасно откако клубот на нашиот репрезентативец вечерва го совлада Ст. Мирен со 3-0.

Нашиот репрезентативец не успеа да се запише во листата на стрелците, бидејќи во 33-тата минута Миовски заработи повреда и мораше да биде заменет.

Ова може да претставува проблем и за селекторот Благоја Милевски пред јунскиот прозорец и почетокот на квалификациите за пласман на Европското првенство. Останува после деталните прегледи да биде познато колку е сериозна повредата на Миовски.

https://twitter.com/AberdeenFC/status/1661452096367894528?s=20

Абердин со 57 бодови и теоретски го обезбеди третото место на табелата во шкотскиот Премиершип и сега е недостижен за четвртопласираниот Хартс и петтиот Хиберниан.

- Оглас -

Најнови вести