Гол и асистенција на Миовски, но Абердин загуби, Ристовски и Динамо поразени на „Максимир“ (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен меч во третото коло од групната фаза во Лигата на конференции постигнувајќи еден гол и асистенција, но сепак неговиот тим Абердин на крајот загуби. Абердин пред своите гледачи загуби со  2:3 од ПАОК, иако до 58-мата минута имаше предност од 2:0.

Миовски во 50-тата минута го отвори резултатот откако одлично реагираше по центаршутот на Мекензи и од пет метри немаше проблем да го совлада голманот на ПАОК, Котарски.

Само осум минути подоцна, Абердин поведе со 2:0, и тоа со голот на Полвара по асистенцијата на Миовски.

ПАОК во финишот направи целосен пресврт, прво Десподов во 73-тата минута намали на 2:1, во 84-тата минута Виериња погоди за 2:2, а Шваб во 96-тата минута од пенал погоди за голем пресврт и победа на грчкиот тим.

Динамо Загреб, за кого настапува поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски, загуби пред своите гледачи со 0:1 од Викторија Плзењ. Одлучувачкиот момент се случи во 69-тата минута, кога Чору од пенал го постигна единствениот гол.

Убедливи победи од по 6:0 остварија Ајнтрахт и Фиорентина во дуелите со Хелсинки и Чукарички, додека Бодо/Глимт со 3:1 го победи Бешикташ.
Нордсјиланд со 0:2 славеше на гости кај Спартак Трнава, а Зрињски загуби пред своите гледачи од Легија со 1:2.

Резултати:
Авердин – ПАОК 2:3
Бодо/Глимт – Бешикташ 3:1
Динамо З. – П’лзењ 0:1
Ајнтрахт – Хелсинки 6:0
Фиорентина – Чукарички 6:0
Генк – Ференцварош 0:0
Спартак Трнава – Нордсјиланд 0:2
Зрињски – Легија 1:2

 

- Оглас -

Најнови вести