Мираковски: Мора да доведеме уште неколку играчи

По поразот од Младост, Работнички со биланс две победи и два порази го завршува првиот турнир од АБА 2 лигата одигран во Златибор. Тренерот Димитар Мираковски потенцираше дека физичката подготвеност е проблем за Работнички и дека неговите играчи не може да го издржат темпото да играат на секои 2-3 дена.

„Имавме желба да го завршиме турнирот со победа, но видовме дека не се реални шансите да издржиме 4 натпревари за 7/8 дена, плус три меча во македонско првенство, што значи дека за 16 дена одигравме 7 меча. Без разлика што имаа проблеми, Младост покажа дека е цврста екипа и честитки за нивната победа. Се виде дека со екипи што се физички појаки од нас не можеме да држиме ритам“, рече Мираковски по мечот.

Тренерот на Работнички потенцираше дека во тимот се потребни уште нови играчи за да се држи ритам и да нема вакви падови на еден дуел.

„Сега имаме појасна слика што треба да промениме и каде треба да се засилиме. За да се издржи овој ритам на натпревари на секои два дена, мора да се земат уште неколку играчи. Во континуитите секој 3-4 меч паѓаме, дојдовме изморени по три одиграни меча и одгравме лош меч. Потоа имавме два добри дуели и сега пак одигравме лошо“, додаде Димитар Мираковски по поразот на Работнички од Младост.

- Оглас -

Најнови вести