Мирандес ќе се обиде да направи подвиг кој не е виден 40 години

Шпанскиот куп вечерва се враќа на програмата, чудото Мирандес дома брка негатива од 1-2 против Реал Сосиедад од првиот меч одигран пред три недели. Мирандес ги елиминираше Селта, Севилја и Вилјареал, на сите овие прволигаши им даде два или повеќе голови, па затоа со право се надева на изненадување и против екипата од Сан Себастијан.

Доколку Мирандес направи подвиг и се пласира во финалето на Купот, ќе стане првиот второлигаш точно по 40 години кој стигнал до мечот за титула во ова натпреварување. Пред четири децении, во финале играа Реал Мадрид и Кастилја (Реал Мадрид Б), а „поголемиот брат“ славеше со 6-1.

Оттогаш четири второлигаши дојдоа до полуфиналето, но никој не успеваше да ја прескокне пречката.

Во историјата на шпанскиот Куп, никогаш не се случило трофејот да го освои тим од втората лига, а финалисти биле и Бетис во 1931, Сабадељ во 1935 и Расинг де Ферол во 1939 година.

- Оглас -

Најнови вести