Мириса на пет „кеца“, со простор за едно до две ремија

6023 Арсенал – Бенфика (18:55ч)

Арсенал има резултат кој му одговара, но тешко дека Артета ќе прави калкулации со оглед на тоа дека Бенфика е доста квалитетен противник. Еден гостински погодок и реми не може да биде гаранција за пласман во осминафиналето, па затоа Топчиите ќе се обидат да го одбранат домашниот терен, односно нема да дозволат пораз од лисабонските Орли во Лондон во 21 век.

Бенфика памети триумф на некогашниот „Хајбери“ со 1-3 по продолженија, што е единствен гостински триумф против Арсенал, додека пак вечерва првпат ќе гостуваат на „Емирати“. Пред овој двомеч, Арсенал и Бенфика изминатава деценија се среќаваа само во средби од пријателски карактер, што малку ја отежнува работата во изборот за обложување на овој натпревар.

Арсенал не е во добра форма и има само една победа во последните пет меча во сите натпреварувања, со три порази и едно реми, додека Бенфика по двете победи во португалскиот шампионат и Купот трипати по ред ремизираше.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.65)

 

6025 Наполи – Гранада (18:55ч)

Наполи десеткуван ќе брка два гола негатива против Гранада, а дополнителна мака е што капитенот Лоренцо Инсиње е неизвесен за реваншот. Бројните повреди му оставија простор на Елмас повторно да биде стартер, па во ваков важен меч ќе биде добро да го покаже квалитетот и да биде еден од клучните играчи на Гатузо.

Она што ги загрижува Наполитанците е нивната лоша форма со четири порази и само еден триумф против Јувентус во последните пет натпревари, па домашните играчи ќе имаат и психолошка борба покрај онаа со топката на теренот. И Гранада не е нешто посебно разиграна, победата против Наполи им е единствена во петте последни дуели, во кои претрпеа три порази и реми.

Единствената дилема тука е дали Наполи може во 90 минути да постигне три гола без да прими ниту еден за пласман во следната фаза.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.88)

 

6029 Милан – Црвена ѕвезда (21ч)

Ремито од 2-2 е повеќе од доволно за Милан да гледа кон осминафиналето во ЛЕ, меѓутоа комбинираниот состав на Пиоли имаше доста проблеми во Белград. Планот да ги чува клучните играчи за дербито со Интер не се покажа како добра одлука, па претпоставките се дека Росонерите со посилен состав ќе влезат во реваншот за да не бидат почудени.

Ѕвезда доаѓа на „Сан Сиро“ преполовена и без еден од најдобрите играчи Мирко Иваниќ, но предводени од Дејан Станковиќ на стадионот каде што помина голем дел од својата кариера како фудбалер, ќе се обидат да направат големо изненадување.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.93)

 

6031 Баер Леверкузен – Јанг бојс (21ч)

Првиот дуел на овие две екипи дефинитивно беше највозбудлив минатиот четврток. Јанг бојс прво испушти три гола предност, за во финишот да дојде до победата од 4-3, но така и Фармацевтите си ги одржаа шансите за пласман во следната фаза.

Сега Леверкузен треба да ја оправда фаворитската улога, па дури и да го стори тоа со еден гол. Швајцарскиот состав првпат ќе игра на „Бај арената“, а непознатиот терен може да биде голем проблем за гостите.

Во изминативе два месеци, односно во 2021 година, Леверкузен само еднаш загуби дома во сите натпреварувања, но во сите средби прими барем по еден гол. Доколку се игра отворен фудбал и во реваншот, нова голеада и тоа како е возможна.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (2.45)

 

6033 Динамо Загреб – Краснодар (21ч)

Модрите на Аријан Адеми и Стефан Ристовски завршија голема работа со гостинската победа од 3-2 во Краснодар, а уште подобро за Динамо е што екипата имаше цела недела да се подготвува за реваншот без други обврски.

Нашите репрезентативци се како стартери во победата, Адеми како капитен командуваше во средниот ред, па се очекува уште еден блескав настап на хрватскиот шампион. Краснодар дефинитивно нема да се предаде и ќе се обиде да дојде до поволен резултат, а тоа речиси гарантира нова ефикасна средба, а за Динамо во игра е и нерешен резултат.

Предлог тип: 1X & 2>1 (2.85)

- Оглас -

Најнови вести