„Мириса“ на реми: Валенсија 12 години ја нема победено Барселона на „Месталја“, но сезонава лилјаците немаат пораз дома

Дербито на шпанската примера во ова коло се игра попладнево во 16 часот во Валенсија. Лилјаците се домаќини на шампионот Барселона, во меч на две екипи кои секогаш играле интересни мечеви.

Барселона е во мртва трка со Реал Мадрид за челното место на табелата, а Валенсија заостанува 12 бодови. Парехо го нема во составот на домаќините, а Барселона е без Дембеле, Суарес и Туран. Традицијата вели дека Барселона добро поминува на „Месталја“, затоа што Валенсија пред своите навивачи се нема израдувано против каталонскиот гигант цели 12 години!

Последен пат Лилјаците дома победиле во март 2008 година со 3:2 и тоа во меч од Купот на Шпанија. Од тој дуел до сега имаат одиграни вкупно 14 средби, а билансот е 9 нерешени и четири триуфми на Барселона. Сепак, ако се гледаат резултатите од оваа сезона, Валенсија на свој терен има пет победи, пет реми и ниеден пораз. Каталонците на гости сезонава се под своето ниво. Во 10 дуели победиле само 4 пати.

По доаѓањето на новиот тренер Кике Сетјен, Барселона очигледно е дека ќе игра со многу додавања. На дебито на Сетјен, Барселона против Гранада победи минамално со 1:0, а домаќините поставија и рекорд во шпанското првенство по бројот на додавања во текот на тие 90 минути. Ако повторно Барселона има таква контрола и доминација на топката, тешко дека ќе има многу погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести