3.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Митревски и Тодоровски ја добија првата номинација за ракометното ЕП 2026

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски своето деби на Европското првенство ќе го имаат на 17 јануари во Малме, каде што ќе делат правда на дуелот помеѓу Шведска и Холандија од групата Е на ЕП 2026.

Тие ќе бидат единствен македонски судиски пар на првенството бидејќи ЕХФ ги суспендира Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Инаку македонската репрезентација в петок, 16 јануари го игра својот прв меч на ЕП против Данска во Хернинг, а Европската федерација за овој дуел ги делегираше молдавските судии Игор и Алексеј Ковалчук.

- Оглас -

Најнови вести