Мизерен акт, наместо радост – Навивачи на Сити го тепаа голманот на Астон Вила, Џерард од протест ја напушти прес-конференцијата (Видео)

Нов голем инцидент се случи во Англија и повторно при инвазија на навивачи на терен нападнат е фудбалер на госѕинската екипа.

Голманот на Астон Вила, Робин Олсен едвај го напушти теренот на „Етихад“ и беше и удиран и навредуван од навивачите на Манчестер сити, кои ја славеа титулата, но тоа го сторија на мизерен начин.

Олсен не провоцираше, но мина пеколни педесеттина метри на патот од голот до подтрибинскиот простор.

Прими и неколку удари, а дури имаше и хулигани што му одеа со лизгачки стартови во целиот хаос што се случуваше по бурниот меч на „Етихад“.

https://twitter.com/footballdaily/status/1528446097504485381?s=20&t=5QMooa95wfh_Utid7HRM-A

Астон Вила водеше со 2:0 како гостин кај шампионот до 76. минута и беше на прагот на сензационална победа, но играчите на Сити со три гола за пет минути победија и ја одбранија титулата.

По мечот реагираше и Стивен Џерард, тренерот на Вила и ја напушти прес-конференцијата од протест.

Челниците на Манчестер сити се извинија за инцидентот.

Сличен ваков хорор му се случи и на Били Шарп, играчот на Шефилд јунајтед, кој беше удрен од навивач на Нотингем форест во полуфиналниот двомеч за промоција во Премиерлигата.

Англичаните најавија нови мерки за да се спречат навивачките инвазии на терен што носат несакани инциденти.

Предвидуваат од следната сезона специјална обука за дел од луѓето од обезбедувањето, или таканаречени спринтери со копачки, кои ќе ги бркаат хулиганите да не влегуваат на терен од трибините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести