Младинците поведоа, па загубија од Грузија и ја испратија во баражот за ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство. Нашите младинци вечерва загубија на гостувањето кај Грузија со 2-1, откако први дојдовме во водство, но домашните со пресврт дојдоа до втората позиција и пласман во баражот за Европското првенство.

Во пресрет на овој натпревар Грузија имаше заостанување од само еден бод позади Шведска, која загуби од Холандија, па грузијците сами одлучуваа за својата судбина. Фисник Исаки со вистинска бомба од 20-тина метри во 52-рата минута ги шокираше домашните и ја донесе Македонија во водство од 0-1.

Сепак, Грузија се созеде од шокот и брзо направи пресврт. Гордезиани во 61-вата минута израмни на 1-1, а Ломанидзе во 71-вата минута го постигна победничкиот гол за домашната селекција.

Македонија квалификациите ги завршува со 12 бода, од кои шест ги освоивме против Гибралтар, а по еднаш ги победивме и Молдавија и Шведска. Нашите млади фудбалери на 10-те натпревари постигнаа осум гола, а примија 15.

- Оглас -

Најнови вести