Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Црна Гора на гости со 3-2 во четвртиот меч од квалификациите за СП 2027. Тоа е трет пораз за селекцијата што ја предводи Горан Станиќ, наспроти само една победа.
Анес Мелиќи ја доведе Македонија во водство во 13-тата минута, но Црногорците направија пресврт во вториот дел. Владимир Перишиќ израмни во 56-тата минута, а Медо Јуковиќ се погрижи за пресврт во 68-та минута.
Третиот гол за Црна Гора го постигна Балша Мрваљевиќ во 73-тата минута, додека Димитар Трајков успеа само да намали на конечни 3-2 во 91-та минута од дуелот.