Младите репрезентативки на Германија во второто коло од групната квалификациска фаза за Европското првенство за жени до 19 години, остварија неверојатен триумф од 21-0 против Естонија. Вистински празник за обложувачите кои и во петок се надеваат на добивки на голови, додека се чека почетокот на најполуларните европски лиги.
Дури три фудбалерки запишаа по три или повеќе погодоци, 10 пати ја тресеа мрежата во првото полувреме, додека во вторите 45 минути дадоа еден гол повеќе. Од осмата до 24-тата минута гол се постигнуваше на секои две минути, По четврт час игра „панцерките“ веќе водеа со 7-0, а три гола постигнаа од 35-тата до 44-тата минута. Во исто темпо продолжија и во вториот дел, голеадата продолжи од 55-тата минута па сѐ до последниот свиреж на главниот арбитар.
И во останатите денешни пресметки се постигнуваа по три или повеќе погодоци. Норвешка тирумфираше со 10-0 против Босна и Херцеговина, Чешка ја декласираше Грузија со 7-0, Исланд победи со 4-0 против Ерменија, со 3-0 победија Русија и Ирска против Црна Гора, односно Фарските острови, додека Белгија триумфираше со 3-1 против Велс.