Младинската репрезентација на Шпанија до 19 години избори пласман во финалето на Европското првенство по драматична победа над Германија со резултат 6-5, во натпревар исполнет со пресврти и неизвесност до самиот крај.
Натпреварот започна подобро за германската селекција, која поведе со погодокот на Моерштед во 28-та минута. Само пет минути подоцна, Шпанија доби можност за израмнување од белата точка, но Кордеро не успеа да реализира пенал.
Во вториот дел, Црвената фурија израмни преку Пабло Гарсија во 60-тата минута, но Германија брзо ја врати предноста преку Ел Мала во 78-та минута. До крајот на регуларниот дел, Гарсија постигна уште два гола и донесе пресврт за Шпанија, но автогол на Куенка во деветтата минута од судиското надополнување го однесе натпреварот во продолженија.
Возбудувањата продолжија и понатаму. Маркез стрелаше за ново водство на Шпанија, а потоа Моерштед со два погодоци повторно ја доведе Германија до водство од 5-4. Сепак, Шпанците не се предадоа – Вирхили израмни на 5-5 во 113-тата минута, а Пабло Гарсија со својот четврти гол на натпреварот во 118-тата минута ја однесе Шпанија во големото финале.
Шпанската селекција сега го очекува својот противник во борбата за титулата на Европското првенство за фудбалери до 19 години.