14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

ПСЖ го победи Сиетл и избори осминафинале, Атлетико испадна од Светското клупско првенство (Видео)

Европскиот првак Пари Сен Жермен го оствари вториот триумф во групната фаза на Светското клупско првенство совладувајќи го Сиетл саундерс со 2-0. Хвича Кварацхелија во 35-тата минута донесе предност за Светците, а Ашраф Хакими во 67-мата минута го потврди триумфот.

Атлетико Мадрид го победи Ботафого со 1-0, со голот на Антоан Гриезман во 87-мата минута. Сепак, тоа не беше доволно за шпанскиот гигант да оди понатаму. Потребна му беше победа од два гола разлика.

По ова, сите три екипи, ПСЖ, Атлетико Мадрид и Ботафого, имаат по шест бода, но Атлетико Мадрид има најслаба гол-разлика и е елиминиран уште во групната фаза од клупскиот мундијал.

- Оглас -

Најнови вести