14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Реал, сепак, го продава Родриго?

Реал Мадрид сериозно размислува за продажба на бразилскиот крилен напаѓач Родриго, а цената што клубот би ја барал за неговите услуги е околу 90 милиони евра, објави „Кадена сер“.

Арсенал е силно заинтересиран за трансферот, додека Родриго наводно сака да ги разгледа и другите можности, вклучително и потенцијален интерес од Манчестер сити, кој го следи развојот на ситуацијата.

Средствата од евентуалната продажба би биле искористени за да се засили средниот ред, каде што новиот тренер на Кралскиот клуб, Чаби Алонсо, бара клучно засилување за наредната сезона.

Родриго одигра 30 натпревари во Ла Лига во сезоната 2024/25 и постигна шест гола. Реал Мадрид ја заврши сезоната на второто место зад Барселона.

- Оглас -

Најнови вести