14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Младите Шпанци во голеада ја надиграа Германија и обезбедија финале

Младинската репрезентација на Шпанија до 19 години избори пласман во финалето на Европското првенство по драматична победа над Германија со резултат 6-5, во натпревар исполнет со пресврти и неизвесност до самиот крај.

Натпреварот започна подобро за германската селекција, која поведе со погодокот на Моерштед во 28-мата минута. Само пет минути подоцна, Шпанија доби можност за израмнување од белата точка, но Кордеро не успеа да реализира пенал.

Во вториот дел, Црвената фурија израмни преку Пабло Гарсија во 60-тата минута, но Германија брзо ја врати предноста преку Ел Мала во 78-мата минута. До крајот на регуларниот дел, Гарсија постигна уште два гола и донесе пресврт за Шпанија, но автогол на Куенка во деветтата минута од судиското надополнување го однесе натпреварот во продолженија.

Возбудувањата продолжија и понатаму. Маркез стрелаше за ново водство на Шпанија, а потоа Моерштед со два погодоци повторно ја доведе Германија до водство од 5-4. Сепак, Шпанците не се предадоа – Вирхили израмни на 5-5 во 113-тата минута, а Пабло Гарсија со својот четврти гол на натпреварот во 118-тата минута ја однесе Шпанија во големото финале.

Шпанската селекција сега го очекува својот противник во борбата за титулата на Европското првенство за фудбалери до 19 години.

- Оглас -

Најнови вести