Младост-лудост – Само што го приклучија во првиот тим, се качи на воз и преживеа струен удар

Андреа Гриселе е во стабилна состојба, со повреди на пршлените и со церебрална едема откако преживеа струен удар во Порта Песково во Италија.

Младиот 18-годишен бек на калчолигашот Верона неодамна беше приклучен во првиот тим, а имаше многу среќа по лудоста што ја направи минатиот викенд.

Гриселе одлучил да се забавува на необичен, но многу опасен начин, па се качил на покрив од воз и потоа сè се одвивало како во хорор филмовите. Дошол во допир со електричната постројка и доживеал струен удар, кој го отфрлил неколку метри при падот на земја.

Моментно е во болница и е во стабилна состојба со повреден рбетен столб и со потрес на мозокот, но се очекува наскоро да биде пуштен на домашно лекување и потоа да се врати на тренинзите со првиот тим на Верона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести