ММА борец нокаутира девојка откако слушна дека не победил (Видео)

ММА борецот Ендрју Витни направи неочекуван тежок инцидент по завршување на борбата против Фархад Шарипов. Витни беше сигурен дека ќе биде победник и високо ја имаше подигнато рака уште пред да бидат прочитани резултатите од судиите.

Тројцата судии имаа едногласна одлука, но таа не беше во корист на Витни, туку за победник го прогласија Шарипов. Само што слушна дека не е победник, Витни се сврте и замавна силно со раката без да биде свесен дека веднаш зад него е девојката која ги најавуваше рундите.

Девојката веднаш падна на земја, а потоа беше пренесена во болница, каде што се констатирани тешки повреди на главата, а од ударот и е скршена и вилицата.

- Оглас -

Најнови вести