ММА борец застрелан со два куршуми, не сакал да го предаде моторот на крадците (Фото)

Познатиот ММА борец Бруно Канети имаше многу среќа откако го преживеа нападот на криминалци кои сакале да му го украдат моторот. Канети, кој има 29 години, возел низ улиците на градот Ланус, кога во еден момент застанал сакајќи да му напише порака на својот тренер, кога пред него се појавиле двајца вооружени мажи кои излегле од автомобил.

Од Канети било побарано да го предаде моторот, но тој се спротвиставил. Тогаш крадците испукале два куршуми кон ММА борецот, кој паднал на земја. Едниот куршум завршил во градите, а другиот во стомакот, но, за среќа, и двата не биле животно загрозувачки.

„Ми рече дека двапати пукале кон него, но имал многу среќа. Куршумот поминал низ неговата јакна и маицата и завршила во градите. Имал среќа затоа што ниту еден куршум не поминал во мекиот дел од телото и не повредил ниту еден витален орган“, изјави братот на Бруно, Гвидо Канети.

 

- Оглас -

Најнови вести