ММА фајтерката тргна кон ривалката, а на крајот сама се нокаутираше (Видео)

Во спортот се видени најразлични ситуации, но тоа што се случи на еден ММА дуел е неверојатно. За време на борбата меѓу Луција Дробенка Котларова и Реџина Лабајова, се случи вистински раритетен момент.

Котларова тргна кон противничката во обид да ја нападне, но наместо тоа, крупната фајтерка се сопна и падна директно со лицето во кафезот и сама себе се нокаутираше.

Борбата веднаш беше прекината затоа што Котларова не можеше да стане, па Лабајова беше прогласена за победничка.

- Оглас -

Најнови вести