Многу е моќен – Спомнете го Роналдо и магично се отвараат сите порти

Навивачите на Манчестер јунајтед добија дозвола да гостуваат во Швајцарија откако тамошните власти ги сменија ковид протоколите, а најзаслужен е Кристијано Роналдо.

Швајцарците не ги признаваат британските ковид-пасоши и не им дозволуваа на гостинските навивачи да бидат на трибините на „Ванкдорф арената“ во Берн за дуелот меѓу Јанг бојс и Црвените ѓаволи што ќе се игра на 14 септември, во првото коло од Лигата на шампионите.

Сепак, по долги преговори, Швајцарците попуштија и ќе им дозволат на 1.800 навивачи на англискиот гигант да бидат на трибините, и тоа најмногу благодарение на Роналдо.

Тој ќе го игра првиот меч токму во Берн за Манчестер јунајтед во камбекот кај Црвените ѓаволи по 12 години, а Швајцарците со нетрпение го очекуваат и неговото и гостувањето на англискиот великан Манчестер јунајтед.

Медиумите од двете земји објавија дека токму Роналдо бил најсилниот адут на Црвените ѓаволи во преговорите со швајцарските власти за да им се дозволи гостување на англиските навивачи во Берн, па домаќините го сменија ковид протоколот и ќе им дозволат да дојдат во Швајцарија.

 

- Оглас -

Најнови вести