Многу ќе ни фали Елмас против Италија, погледнете го шоуто на Елиф на „Диего Армандо Марадона“ (Видео)

Елиф Елмас игра одличен натпревар за Наполи против Салернитана и е меѓу најзаслужните за предноста на домаќините од 2:1 по првото полувреме.

Најпрво на интересен начин му асистираше на Хуан Жезус во 17. минута за водечки гол на Наполи.

Napoli [1]- 0 Salernitana Juan Jesus 17′ from soccer

Потоа направи вистински слалом низ одбраната на гостите и изнуди пенал во финишот на првото полувреме.

Мертенс сигурно погоди од белата точка, а акцијата на Елмас можете да ја погледнете ОВДЕ.

Елмас поради жолти картони нема да игра за Македонија против Италија во бараж мечот на 24. март во Палермо за настап на СП во Катар, а во каква форма е јасно е дека неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за нашата репрезентација.

 

 

- Оглас -

Најнови вести