Многу на малку – Босанците ја понижија Бугарија, гостите не постигнаа ниту 50 поени

Босна и Херцеговина и оддржа лекција од кошарка на Бугарија и ја декласира со 88:49 на домашен терен во Сараево во квалификациски меч за настап на Европско првенство.

Домаќините поведоа со серија од 11:0 и најавија сигурна победа, а кошаркарите на Бугарија првите поени ги постигнаа дури во петтата минута од првиот период.

Дилемите околу победникот паднаа уште во првото полувреме што го добија домаќините со 45:21. Разликата и потоа постојано растеше се до конечните плус 39 за домашната репрезентација.

Во катастрофалното издание на Бугарите, кои не успеја ниту да ја минат границата од 50 поени, единствена светла точка беше натурализираниот Американец Демаркус Ди Бост.

Тој беше најефикасен на мечот со 13 поени, што е раритет во пораз од цели 39 поени разлика. Кај Босанците Камењаш беше прв стрелец со 12 поени.

Утре од 15 часот Македонија ќе го игра својот меч од четвртото коло, против Италија од 15 часот во Талин, Естонија.

Резултати од денешните мечеви, четврто коло по групи:

Босна и Херцеговина – Бугарија 88:49, Холандија – Шведска 78:76, Чешка – Белгија 62:90, Хрватска – Турција 79:62, Грција – Летонија 66:77, Велика Британија – Франција 56:79, Литванија – Данска 76:80, Германија – Црна Гора 74:80.

 

 

- Оглас -

Најнови вести