Мнозинството прогнозери типуваа победа на Барселона во Ел Класико

Седмото коло на Спортска прогноза ќе почне со шпанското Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабот во 16 часот, и тоа е терминот до кој можете да типувате на 13-те меча од основата понуда и двата резервни пара.

Токму најгледаното дерби во светот ќе го одреди патот до успехот на прогнозерите кои учествуваат во седмото коло. Досега 63,04% од прогнозерите типуваа „кец“ на Барселона против Реал Мадрид, додека само околу 11 отсто од учесниците веруваат дека Кралевите ќе го освојат „Камп ноу“.

Треба да се напомене дека во ова коло има уште три други дербија, како Дортмунд – Шалке, Манчестер јунајтед – Челзи и Милан – Рома, каде прогнозерите исто така типуваа победи на домаќините.

Со евентуални 13 погодени парови, односно Среќна 13-ка, ќе бидете добитник на вредниот мобилен телефон „ајфон 11“! Доколку имате 12 погодени, добивате вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за 11 погодени, ваучерот изнесува 500 денари.

Стандардно и во седмото коло ќе треба да се внимава и на резервните двојки, кои носат поени за Генерален пласман. Шампионот на крајот од сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а подароци ќе има за најдобрата петорка и во третата сезона од бесплатната игра во организација на Спорт Манија и Sport Life.

Право на учество во оваа бесплатна игра имаат сите оние кои имаа клуб картичка на Sport Life. Не чекајте, прогнозирајте.

- Оглас -

Најнови вести