Мо Салах си ја скрати косата, социјалните мрежи „горат“ (Фото)

По завршувањето на обврските во Премиер лигата, фудбалерите на првакот Ливерпул заминаа на заслужен одмор, а една од главните ѕвезди, Мохамед Салах, одлучи да си ја скрати косата. Салах со потегот изненади многумина, витканата коса како „џбун“ му беше заштитен знак, но за промена, реши да ја скрати, особено од страните, и сега Египќанецот изгледа поинаку.

На некои им се допаѓа експериментот, на некои не, но очигледно дека самиот Мо е задоволен од тоа како изгледа.

На социјалните мрежи има голем број реакции, а еден од коментарите е дека ако ја нема брадата, Салах многу личи на филмскиот лик Борат.

- Оглас -

Најнови вести