Моџи: Ваков хаос има само во Италија, Палермо скапо ги плаќа грешките на Ѕампарини

Палермо скапо ги плати грешките на Маурицио Ѕампарини, а ваков хаос како што има во Серија Б може да му се случи само на италијанскиот фудбал, вели поранешниот спортски директор на Јувентус, Лучијано Моџи.

Палермо наместо во бараж за пласман во Серија А, заврши во понизок ранг и ќе мора да игра во Серија Ц од следната сезона, поради казната на италијанскиот Федерален суд. Клучни беа финансиските малверзации на поранешниот претседател на клубот Мауруцио Ѕампарини.

„Оваа сезона во Серија Б беше идентично хаотична како и ланската. Палермо е клуб што заслужува да игра во Серија А. Да одлучував јас ќе го стопирав плејофот за пласман во елтината италијанска лига“, додава Моџи.

Протестот на симпатизерите на Палермо, на претставниците и функционерите на градот, на фудбалерите и на сите што им е при срце овој клуб не стивнуваат.

„За жал веќе не се почитуваат правилата. Сите ја гледаат неправдата, но многу авторитети одлучија да молчат“, вели Моџи, човек кој беше еден од главните во скандалот „калчополи“ во 2006 година.

- Оглас -

Најнови вести