Модриќ ќе ги предводи „Коцкестите“ во Катар, вицешампионот пак има моќен состав (Фото)

Лука Модриќ го предводи составот од 26 репрезентативци на светскиот вицешампион Хрватска што го објави селекторот Златко Далиќ за Мундијалот во Катар.

Коцкестите пак имаат моќен тим со познати ѕвезди од калибарот на Модриќ, Перишиќ, Брозовиќ, Ловрен, Оршиќ…, па дури и немаше место за дузина одлични играчи.

Го нема првиот стрелец во шкотското првенство, Антонио Чолак, кој игра за Глазгов ренџерс, потоа и Иванушец и Мишиќ од Динамо Загреб, Јосип Брекало, Чалета-Цар…

Хрватска е во Ф групата на Светското првенство со Белгија, Канада и Мароко.

 

- Оглас -

Најнови вести