Модриќ го прочита Јурановиќ и му покажа на Куртоа каде треба да брани (Фото)

На натпреварот Реал Мадрид – Селтик, синоќа беа досудени три пенали, сите во првото полувреме, а за разлика од домашните, кои постигнаа голови од белата точка, гостите не ја реализираа најстрогата казна.

Тибо Куртоа му го одбрани шутот на Јосип Јурановиќ, а ова се случи при водство на Реал од 2-0, откако претходно голови од пенал дадоа Лука Модриќ и Родриго.

Интересно е што се појави една фотографија сликана од трибините зад голот, на која се гледа како Модриќ му покажува на Куртоа каде ќе шутне Јурановиќ.

Прогнозата на Модриќ беше точна, Куртоа го послуша Хрватот и се фрли на таа страна, па успеа да го одбрани пеналот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести