Модриќ повторно ќе игра заедно со Роналдо

Додека во Мајами се собира „старата екипа„ од Барселона (Меси, Алба, Бускетс и Суарес), во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо почна да ги собира соиграчите од Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Кристијано Роналдо успеал да го убеди Лука Модриќ да му се приклучи во Ал-Наср. Покрај тоа, Хрватот ја одбил понудата токму на Интер Мајами и ја прифатил таа на Ал-Наср поради што по завршување на сезоната, ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Медиумите открија и дека платата на Модриќ во Ал-Наср ќе изнесува 30 милиони евра по сезона.

Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем и ги освои сите трофеи што можат да се освојат, додека со Роналдо играше заедно седум сезони.

- Оглас -

Најнови вести