Модриќ се повреди по една и пол година, го пропушта Леванте

Лука Модриќ викендов нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан во пресрет на дуелот со Леванте во четвртото коло од Ла Лига. Хрватскиот играч за врска се здобил со повреда на бутниот мускул од десната нога, а од клубот информираат дека допрва ќе се одреди неговата пауза.

Освојувачот на Златната топка е неизвесен и за дербито против ПСЖ во Лигата на шампионите, дуел кој е закажан за вторник, во рамките од првото коло во групната фаза. Инаку, Модриќ за првпат се повреди по една и пол година. Последен пат од терените отсуствуваше во февруари 2018 година и пропушти четири меча, вклучувајќи го и реваншот против Светците во осминафиналето од ЛШ.

Во Реал се надеваат дека Модриќ ќе биде подготвен до 28 септември, кога се игра големото градско дерби против Атлетико Мадрид.

Од стартот на новата сезона Зидан се соочи со голем број повредени играчи, но во сабота се очекува Еден Азар конечно да дебитира во кралскиот дрес, додека и Хамес Родридес ги надмина проблемите и е подготвен за настап.

- Оглас -

Најнови вести