Модриќ стана рекордер на Хрватска, па не можеше да ги сокрие емоциите (видео)

Во минималниот триумф на Хрватска од 1-0 над Кипар, капитенот Лука Модриќ го одигра 135-тиот меч во репрезентативниот дрес со кој стана рекордер по бројот на настапи за Коцкастите.

Модриќ го надмина Даријо Срна на вечната листа, а по мечот репрезентацијата му приреди изненадување поради кое освојувачот на Златанта топка во 2018 година не можеше да ги сокрие емоциите.

Со видео-спот Хрватска му се заблагодари на Модриќ, што следуваше голем аплауз и торта со бројот 135 за да се одбележи рекордот.

Инаку, Модриќ со Хрватска настапи на шест големи натпреварувања, смени шест селектори, а моментално е светски вицешампион по загубеното финале од Франција на Мундијалот во 2018 година, кога Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на првенството.

- Оглас -

Најнови вести