Модриќ збесна и го фати за врат момчето на кое му беше идол во Реал (Фото)

Реал Мадрид и Реал Сосиедад синоќа одиграа натпревар со многу емоции, кој заврши 4-4, а на крајот Кралевите се пласираа во финалето на Купот на Шпанија. Но, во медиумите на Пиринеите се потенцира и воинствениот стил на капитенот Лука Модриќ, кој ги загуби нервите во продолженијата и во една мешаница го фати за врат играчот на Реал Сосиедад, Такефуша Кубо.

Модриќ, кој е познат по својата мирност и посветеност, во овој момент изгуби самоконтрола и се најде во жесток конфликт со својот поранешен соиграч Кубо. Со оглед на тоа дека тие беа блиски и во одлични односи кога Кубо беше дел од Реал Мадрид, оваа сцена беше целосно неочекувана. Модриќ, во налет на бес, се обиде да го задуши напаѓачот на Реал Сосиедад.

Постојат бројни снимки кои покажуваат како Модриќ во минатото се однесува татковски кон младата ѕвезда, а Кубо го истакнуваше Модриќ како свој најголем идол откако пристигна во Реал. Сепак, во моментите кога емоциите се бурни, Модриќ го фати Кубо за врат.

Не се знае точно како Кубо успеа да го испровоцира Модриќ, со оглед дека Хравтот според карактерот, важи за мирен човек на фудбалските терени.

- Оглас -

Најнови вести