Скопје ќе биде град на младоста и спортот, се надеваме на некој медал

Од 21 до 29 април ќе се игра Светско првенство во ракомет за ученици, отворањето ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19.30 часот, а на дефилето ќе има околу 700 учесници. Се надеваме дека ќе бидеме добри домаќини, ќе се игра во шест училишни сали.

„Уште немаме дефинирано во кои сали ќе игра македонската репрезентација, тоа треба да биде одредено откако ќе помине инспекцијата на техничката комисија. Амбициите ни се да освоиме некој медал“, вели Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата за училиштен спорт.

„Како држава и Министерство во соработка со РФМ и Федерацијата за училишен спорт ќе се заложуваме ваквите настани да бидат што поприсутни кај нас, ова е и промоција на државата. Сите дечиња кои се на почетокот на кариерата ќе имаат можност пред поширок аудиториум да се презентираат и тоа е одлично за нив. Честитки до сите, сигурен сум дека спремни ќе го дочекаме овој настан, не оставаме ништо на случајност“, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Индира Кастратовиќ ќе биде шеф на делегацијата на Македонија.

„Ова е чест, но и голема одговорност. Скопје во тие денови ќе биде град на младоста, град на спортот. Верувам дека децата ќе си заминат со нови пријателства. Се надевам дека ќе се претставиме во добро светло и ќе освоиме медали“, рече Кастратовиќ.

- Оглас -

Најнови вести