Моќна е англиската Премиер лига – Американците ќе платат богатство за ТВ-права

Премиер лигата е една од најмоќните фудбалски лиги на светот и сигурно најбогата и ќе инкасира неверојатни 3 милијарди долари од новиот договор што се очекува за ТВ-права и преноси само за американскиот пазар.

Тоа ќе биде зголемување над 10 пати од договорот што од 2012 година досега го имаше Ен-би-си. Сè уште не се знае кој ќе ги има ТВ-правата во следните 9 години, но се очекува сумата што ќе биде платена да не биде помала од 2 милијарди долари во трката за ТВ-правата за англиското првенство.

На аукцијата оптимистичките прогнози се дека цената ќе достигне 3 милијарди долари, со што секој член на Премиер лигата ќе добие минимум по 10 милиони долари за секоја од следните 9 сезони.

Во 2012 година, Ен-би-си ги победи ЕСПН и Фокс во трката за ТВ-правата за Премиер лигата и тогаш беа платени 250 милиони долари, што за тоа време беше вистинско богатство.

Ниту една друга фудбалска лига ни приближно немаше ваков богат договор пред една деценија, а ако се остварат предвидувањата за нов висок договор за американскиот пазар, Премиер лигата ќе остане рекордер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести