Молк во Лос Анџелес, Денвер им се заканува на Лејкерс со понеделничка метла (Видео)

Џамал Мареј и Никола Јокиќ го однесоа Денвер нагетс на еден чекор од прво големо финале во клупската историја.

Нагетси рано утрово славеа во Лос Анџелес против Лејкерс со 119-108, и водат со 3-0 во западното финале, а ниту еден тим во историјата на НБА плејофот нема испуштено ваква предност и секогаш тој што водел 3-0, одел понатаму.

Мареј со 37 поени беше прв стрелец на Денвер, а Јокиќ беше поскромен од вообичаеното и постигна 24 поени со осум асистеции и шест скока.

На мечот се пролеа и крв, и тоа од устата на еден од судиите кој се судри со Леброн Џејмс. Леброн во плејофот има само две победи на 19 меча кога му судел овој искусен судија со 29-годишно НБА искуство, Скот Фостер.

- Оглас -

Најнови вести