Moнчи продолжи со темелното реновирање во Севилја

Севилја го ангажираше младиот бек на Реал Мадрид, Серхио Регилон на едногодишна позајмица. Дваесет и двегодишниот Шпанец во новата сезона повторно ќе соработува со тренерот Хулен Лопетеги, а тој е осмо летно засилување на Андалужаните.

Спортскиот директор Мончи откако се врати во Севилја направи големи промени во тимот, досега се потрошени околу 107 милиони евра за Макс Вебер, Лук Де Јонг, Џоан Џордан, Мунас Дабур, Диего Карлос; Лукас Окампос, додека најмногу средства се издвоија за дефанзивецот на Бордо, Жуле Кудре (25 милиони евра).

Од клубот засега заминаа тројца фудбалери, продадени се Сарабија, Промес и Муриел, а секако се очекуваат нови заминувања, како и нови аквизиции.

Регилон минатата сезона запиша 22 настапи во дресот на Кралскиот клуб, но откако Зинедин Зидан појасни дека нема да смета на него во новата сезона, оваа позајмица се очекуваше.

- Оглас -

Најнови вести