Монфис се откажа – Ѓоковиќ еднаш игра, три брои во Париз и веќе е во четвртфинале

Новак Ѓоковиќ одигра само еден меч на АТП-турнирот во Париз од Матсерс серијата 1000 и веќе е во четвртфиналето. Денеска без борба го доби мечот со Гаел Монфис, кој предаде откако се повреди вчера.

Монфис го доби француското дерби со Манарино со 2:1, но го повреди бутниот мускул на десната нога и не можеше да настапи против Ѓоковиќ денеска.

„Секогаш е лошо кога ќе предадеш меч поради повреда. Се надевам дека е не е ништо сериозно, но, за жал, не можам да играм против Ѓоковиќ“, изјави Монфис.

Новак беше слободен во првото коло, па потоа го одигра единствениот меч досега и го победи Мартон Фуксович со 2:1, па повторно ќе одмори, бидејќи Монфис му го предаде мечот без игра.

Во следното коло го чека подобриот од мечот меѓу Нори и Фриц, двајца тенисери што се во добра форма и ќе бидат предизвик за рекордерот во Париз.

Ѓоковиќ со пет титули на Мастерсот во главниот град на Франција е најтрофеен тенисер, а ќе атакува на шестиот пехар и седмото финале на ценетиот турнир.

 

- Оглас -

Најнови вести