Монпелје е фаворит, но домашниот терен е предноста на Вардар

Тренерот Стевче Алушовски и капитенот Стојанче Стоилов фаворитската улога на пред саботниот меч на Вардар и Монпелје од ракометната Лига на шампиони му ја препуштаат на гостинскиот тим од Франција, но ветуваат дека кај црвено-црните нема да недостасува мотивација.

Победа над Монпелје може да значи петто место во групата и малку полесен ривал во осминафиналето.

„Наша примарна цел беше пласман во осминафиналето и успеавме да го оствариме тоа. Монпелје е тежок противник кој сигурно ќе ја има фаворитската улога. Она што јас го барам е да го дадеме максимумот на теренот. Ние сме домаќини и актуелни европски прваци, но со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и краткиот ростер, нереално е да кажеме дека сме фаворити. Ќе се бориме за секоја топка“, изјави Алушовски.

Мечот во „Јане Сандански“ е в сабота од 17.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести