Монтажна „ВИП ложа“ на меч во словенечкиот шампионат (фото)

Во Словенија фудбалот се игра без публика, како што е и во повеќе европски земји, па затоа монтажната „ВИП ложа“ не може да биде искористена. На мечот меѓу Мура и Табор Сежана, кој се одигра во саботата, покрај петте гола, најголема атракција беше троседот наместен во непосредна близина на теренот.

За брзо троседот стана хит на социјалните мрежи и луѓето се чудеа зошто е ставен на тоа место, некои дури и беа љубоморни што не се во можност да седнат и од најдоброто место да го гледаат дуелот. Инаку, троседот послужи како импровизирано ТВ-студио.

- Оглас -

Најнови вести