Монца конечно освои бод во Серија А, Несторовски го препороди Удинезе! (Видео)

На фудалерите на Монца им требаа шест кола за да го освојат својот прв бод во италијанската Серија А. Новиот прволигаш одигра 1-1 на гостувањето кај Лече, и првпат во својата дебитантска сезона како член на елитата, остана непоразен.

Стефано Сенси даде убав гол од слободен удар за водство на Монца, и тоа беше доволно да останат непоразени на „Виа дел маре“.

Удинезе победи со 3-1 на гостувањето кај Сасуоло, а интересно е што во моментот кога Илија Несторовски влезе во игра, резултатот беше 1-1. Нестор им донесе среќа на фриулијаните кои во судиското продолжение постигнаа два гола.

Удинезе има четири победи по ред, и моментно е четврти на табелата, со бод помалку од Наполи, Аталанта и Милан.

Болоња со 2-1 беше подобра од Фиорентина, и ова е прва победа за болоњезите сезонава. Вториот гол го даде Марко Арнаутовиќ, па сега Австриецот има шест гола на шест меча сезонава.

Ова е првиот гол на Сенси во дресот на Монца:

- Оглас -

Најнови вести