Мората најави голеада во 51-вата секунда, по него погоди само уште Белтран (Видео)

Алваро Мората најави ефикасен меч на „Балаидос“ во Виго со погодок во 51-вата секунда за Атлетико Мадрид, но потоа само уште Франсиско Белтран успеа да погоди за бод што е многу значаен за Селта.

Иако најавата беше одлична, сепак на крајот двете екипи си одиграа во трендот на последните меѓусебни дуели, со малку голови.

Мората ја круниса со погодок одличната акција на гостите на самиот почеток на мечот, но потоа Атлетико одигра во свој стил, тврдо и без многу шанси за гол.

Затоа на спротивната страна Селта си ја дочека својата шанса и преку Белтран, кој постигна многу интересен гол, израмни на 1:1.

https://www.youtube.com/watch?v=cCSbduQv9Ow

На последните шест меча дури петпати дуелите меѓу Селта и Атлетико завршуваат со 0-2 гола.

Клубот од Мадрид на три кола до крајот ја задржа третата со 63 бода и речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите и следната сезона. Атлетико и оваа сезона е во игра за титулата во ЛШ бидејќи се пласира во четвртфиналето со елиминација на актуелниот европски првак Ливерпул.

Селта освои многу вреден бод и сега со 36 бода е за 7 чекори понапред од Мајорка и 8 во однос на Леганес, кои имаат уште 4 меча за доигрување, а со испаднатиот Еспањол се најсериозни кандидати за преселба во Втората лига.

- Оглас -

Најнови вести