Мората потсети на старата гол-форма a Јуве се врати на победите во Серија А (ФОТО)

Екипата на Јувентус со 2:0 славеше на гостувањето кај Болоња и со тоа се врати на победничките патеки во Серија А.

Како што е добро познато, тимот од Торино во минатото коло киксираше кај Специја играјќи само 1:1.

Со голот на Алваро Мората во шестата минута, старата дама го отвори овој натпревар.

Интересно е што напаѓачот постигнува три гола по ред на гости со што ја повтори серијата од 2017 година, кога настапуваше во дресот на Реал Мадрид.

Вториот гол за Јуве беше дело на Хуан Квадрадо во 69-та минута, со што практично беше и решен натпреварот.

Со новите три бода, поранешниот првак на Италија сега има 31 и е на делба на шестото место со Рома, по 18 одиграни натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести