Морати: Ќе се случуваат чуда на крајот од годината, Интер ќе се обиде да го ангажира Меси

Масимо Морати вели дека ќе се случуваат чуда на крајот од годината што е една од најчудните на фудбалски план во последните десетици години.

Поранешниот претседател на Интер очекува Нероѕурите да се обидат да го ангажираат Лионел Меси, ако иконата на Барселона не го продолжи договорот со сегашниот клуб.

„Ќе се случуваат чудни работи кога и ако заврши актуелната сезона. Меси е при крај со договорот со Барселона и очекувам Интер да се обиде да го ангажира. Тоа не е само сон или нереална варијанта “, вели Морати.

Интересно е што Барселона се обидува да го ангажира напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес, и дел од шпанските медиуми, особено оние што се блиски до каталонскиот клуб, велат дека тоа е веќе завршена работа.

Може ли Интер да го возврати ударот и да ѝ го „лапне“ Меси на Барселона? Морати вели дека шанса постои, а во прилог оди и незадоволството на Лео од однесувањето на раководството на клубот во услови на кризата со Коронавирусот што е во тек.

Барселона им ги намали платите на фудбалерите за 70 посто, што предизвика искри меѓу фудбалерите и раководствотo. Меси изјави дека фудбалерите чувствувале дека има недоверба кон нив, иако прифатија драстично да им се намалат платите.

Недоразбирања имаше и претходно меѓу иконата на клубот и претседателот Хозеп Бартомеу, па можно е Аргентинецот да си замине, иако има договор со 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести