Морбидно и бизарно, мртовец во ковчег „даде гол“ (Видео)

Во Чиле се случи нешто несекојдневно, што покажува колкава е „забеганоста“ на Јужно-американците кон фудбалот.

Фудбалерот Хаиме Ескандер играл за чилеанскиот клуб Апарисион де Паине, но почина кон крајот на 2021 година, и неговите соиграчи одлучија да се простат од него така што на 2 јануари неговиот леш во мртовечки ковчег го ставија на терен. Не само тоа, туку еден од играчите „му додаде“ на Ескандер, а топката се одби од ковчегот и влезе во гол, по што почна големо славје. Така напаѓачот со гол е испратен на „оној свет“, а во клубот веруваат дека и тој од небото со душата го прославил својот „погодок“.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести