Може да се направи клон од Меси што ќе биде на исто ниво како вистинскиот

Аркади Наваро е шпански научник кој изјави дека е можно да се направи клон на Лионел Меси и тој да игра на исто ниво како што во изминативе 15-тина години е аргентинскиот виртуоз. Генетичарот вели дека со користење на актуелната техника и технологија може да се создаде уште еден толку добар фудбалер.

„Со постоечката технологија, Меси може да биде клониран. Би добиле битие кое ќе биде многу слично на Меси. Како да е негов близнак, односно како да се родени двајца близнаци, но едниот да бил замрзнат 20-30 години“, објаснува Наваро.

Сепак, нема гаранција дека „новиот“ Меси би ги имал истите фудбалски квалитети како Лео, бидејќи тука се работи и за влијание на околината, образованието, искуството. Меси ѝ се приклучи на Барселона како 13-годишно дете. Тој имал недостаток на хормон за растење и цели четири години се лекувал и примал витамини и соодветни хормони.

Потоа ги помина сите категории во Академијата на Барселона и веќе 15-тина години е во врвот на светскиот фудбал.

„Оваа личност би можела да го има истиот потенцијал како Лионел Меси, неговите квалитети, како и генетската компонента. Сепак Меси не е тоа што е само поради својата генетика, туку и поради тоа што го има поминато во текот на неговото растење, образованието, годините во Ла Масиј, лековите кои ги примал. Генетиката ни дава потенцијал, но за да го оствариме тоа, потребна е наша работа“, објаснува Наваро.

 

- Оглас -

Најнови вести