Може ли Бенфика да стави крај на низата од 17 меча без пораз на Ренџерс?

Бенфика и Глазгов ренџерс првпат во нивната историја ќе ги одмерат силите на меѓународната сцена. Ова е еден од поинтересните дуели вечерва во третото коло од групите во Лигата на Европа, а според статистиката на двете екипи, се очекува да биде возбудливо на „Да Луж.

Ренџерите на Стивен Џерард во главниот град на Португалија доаѓаа со серија од 17 меча без пораз во сите натпреварувања. Поточно, откако Леверкузен го елиминира Ренџерс во ланското издание во ЛЕ, шкотскиот гигант запиша вкупно 15 победи и само две ремија во првенството против Ливингстон и Хибернијан.

За да биде низата уште поимпресивна, Ренџерс во последните шест меча не прими гол, а постигна 10, што значи дека лиасбонските Орли треба да бидат на ниво за да стават крај на серијата.

И Бенфика беше во добра низа пред да претрпи шок од Боависта во последното одиграно коло во Примеира. Вицешампионот загуби со 3-0 на гости, а претходно беше во серија од седум победи во сите конкуренции со гол-разлика 22-5.

Бенфика вечерва е фаворит, според квотата 1.90 за „кец“, додека евентуален триумф на Ренџерс носи коефициент 3.95.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести