Може ли Ибрахмовиќ да ги урне легендарните сонародници во Серија А? За шведски трилинг на врвот му треба најмалку 31 гол (Фото)

Златан Ибрахимовиќ со голот против Џенова се проби на шестото место на вечната листа со голгетери од странство во Серија А, а може уште да напредува, па дури и да очекува подвиг во трката за врвот.

Таму е неговиот сонародник Гунар Нордал, кој е голема легенда токму на Милан, клубот за којшто сега игра Златан.

Нордал е најдобриот стрелец странец во историјата на Серија А со 225 гола. Од нив 210 му се во дресот на Милан и 15 како играч на Рома, а рекордот важи од 1958 година.

Зад Нордал е уште еден Швеѓанец, Курт Хамрин со 190 гола во Калчото, а и тој има играно за Милан, но и за Јувентус, Падова, Фиорентина и Наполи во Италија.

Првата цел на Златан, кој досега 153 пати ги тресеше мрежите во Серија А, е да постигне уште 31 погодок за да го смени Габриел Батистута на третото место. Аргентинецот ја заврши извонредната кариера со 183 погодоци во Калчото и се наоѓа на третата позиција на вечната листа со странски голгетери.

Foreigners with most goals scored in Serie A from soccer

Најголем проблем за Ибрахимовиќ се годините, веќе има полни 40, што значи дека со ова темпо на постигнати погодоци би можел да се пробие до третото место со настапи во оваа и следните две сезони во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести