Вложи само едно евро и со погодени 1-2 и 7+ си ќари 4.000 евра – Во Ресен на Супер-сингл со еден удар „отепа“ топ-добивка

Реал Мадрид направи комплетен пресврт на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја против Бетис, Интер и Фиорентина одиграа уште една вртелешка на меч што имаше неколку пресврти и дури 7 гола, а и двете комбинации ги предвиде обложувач со уплатен тикет во Богданци, што му донесе совршена добивка од околу 4.000 евра за уплата од само едно евро, или 60 денари.

На тикетот погодено е и дека Саутемптон ќе го победи Барнли на гостински терен, ќе води и на полувреме и дека нема да има повеќе од два гола, што е само една од комбинациите во широката лепеза игри што ги има во понудата во Sport Life.

ОВА ТРЕБА ДА СЕ ИЗДРЖИ – ЕФЕКТЕН ФОТО-ФИНИШ НА ИНТЕР И ПЕНАЛ ДРАМА ВО СЕВИЛЈА 

На шпанското дерби имаше многу возбудливи моменти. Играчите на Бетис бурно протестираа против одлуката на судијата Бенгоечеа да досуди пенал за победа на гостите во 82-рата минута, но ВАР-системот му пресуди на домаќинот и донесе огромна радост во Богданци.

Возбудата во вечерните часови во саботата кулминира, откако претходно Интер успеа со два гола на Лукаку и на Д`Амбросио во 87.-мата и во 89-тата минута да стигне до пресврт против Фиорентина и да победи со 4:3. Таман за да се заокружи погодок со тип 7+.

Но, тикетот за инфаркт и супер добивка беше на чекање. Треба да погоди Рамос од пенал во 82-рата минута и да му донесе победа на Реал Мадрид од 2:3, по негативата од првиот дел со 2:1.

Капитенот на Реал Мадрид се одлучи за најтешката варијанта, за познатата Паненка, но ја изведе совршено и добивката од 272.160 денари во бруто-износ беше речиси в џеб на мајсторот од Богданци. Сега треба само Саутемптон да издржи да не прими гол, за сè да биде готово.

Ланскиот најдобар стрелец во Премиер лигата, Дани Ингс, заврши голема работа со гол во петтата минута, таман за погоден комбиниран тип, победа на гостите од Саутемптон против Барнли, со помалку од два гола на мечот.

Фантастично одиграно, и тоа комплетно на тикет само со три пара и големи коефициенти, за заслужена и голема добивка од 231.345 денари нето.

ЅИРКАЈТЕ ГО СПЕЦИЈАЛНИОТ СИНГЛ НА SPORT LIFE – СО ЕДЕН УДАР СИ ПОДИГНА ДОБИВКА ОД 1.200 ЕВРА

Понудата во Специјалнот сингл за дерби-натпреварите што ги има во Sport Life е секогаш атрактивна, а за добрите прогнозери, дури и навивачки настроени е вистински предизвик.

Во Ресен со одлична стратегија и малку среќа обложувач во Sport Life со еден удар стигна до добивка од 86.328 илјади денари бруто.

Тикетот е со три пара од Супер-сингл понудата, а требаше да се погоди дека Рома ќе даде прва гол против Јувентус, прв стрелец ќе биде Џордан Верету и дека ќе има прв пенал на мечот за Римската волчица.

И во 31-та минута на „Олимпико“ во Рим се случи сè оддеднаш. Три во едно. Пенал за Рома, може. Прв стрелец Џордан Верету, може, па тој е пеналџијата на Римската волчица и Рома прва дава гол на дербито. Одлично, три во едно и погодено со еден потег, по ракометот на Квадрадо во шеснаесетникот на Јувентус.

Судијата Ди Бело нема дилеми, пенал за Рома. Верету погоди, Волчицата поведе, Ресен грми од радост. Ефектно, страшно добро стратешки одиграно за добивка од 86.328 денари во бруто-износ.

ВО НЕГОТИНО И ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ Е ДОСТА ЗА ЌАР ОД СТОИЛЈАДАРКИ

Ефектно само за 45 минути, плус судиско продолжение со погодени четири пара, одиграни со 3+ во прво полувреме, обложувач што уплатил тикет за 100 денари во Неготино си ќари одлична добивка од 110.224 денари во бруто-износ.

Добитната формација е два+два, односно два натпревари во сабота и два во недела. Голеадите на „Селхрст парк“ на дуелот меѓу Кристал палас и Евертон што заврши со резултат 1:2 по првото полувреме и на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја на мечот меѓу Бетис и Реал Мадрид, каде што беше 2:1 по првиот дел, беа одлична најава за добитен тикет.

Авантурата 3+ п.п. продолжи во недела, а расположени за брза стрелба беа Хофенхајм и Баерн во Бундеслигата и Барселона против Вилјареал во Ла Лига.

Хофенхајм со предност од 2:1 по 45 минути игра ја најави сензационалната победа против Баерн со 4:1, а Барселона го растури Вилјареал со 4 гола во мрежата на Асенхо само за 45 минути игра во првиот дел.

 

 

- Оглас -

Најнови вести