Можна битка Конор против Роналдо за сума од 250 милиони долари?!

Популарниот ирски борец, Конор Мекгрегор, на социјалните мрежи ја објави фотографијата со Кристијано Роналдо на која се насмеани додека гледаа боксерски гала настан во Ријад на 23-ти декември, и се пошегува дека би се нафатил на ултимејт битка со португалскиот фудбалер.

Според Мекгрегор, таквата битка ќе чини 250 милиони долари.

„Битка за 250.000.000 долари“, напиша секогаш интересниот Мекгрегор.

Роналдо годинава ја заврши како прв стрелец со 54 гола во 2023, и изјави дека целта му е да го повтори резултатот и во претстојната 2024.

- Оглас -

Најнови вести